nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys cheap air jordan
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1889, 08.02.2010





     

ИНТЕРВЈУ: ДУШАН БОЈЧЕВ, ДИПЛОМАТ
Спорот се измести во времето на Георгиевски

Георги Барбаровски

Душан Бојчев, дипломат од кариера, деновиве ја промовираше својата книга „Република Македонија на почетокот на новиот милениум“, хроника на проблемите со кои се соочува македонското општество во последната деценија. Бојчев застапува гледиште дека преговарачкиот процес е изместен, главно поради неукото водење на тие разговори од македонска страна. Кој, кога и зошто згреши?
- Се додека во разговорите за надминување на разликата за името учествуваше амбасадорот Иван Тошевски, немаше грешки при толкувањето на членот 5 од Привремената спогодба. Тој секогаш инсистираше на формулациите од сите релевантни документи за проблемот, односно дека се работи за разлика, а не за спор. И неговите напори беа насочени кон решавање или кон надминување на разликата. Со прифаќање на формулацијата за преговарање е направен пропуст или превид, наместо да се преземе формулацијата од резолуциите на ООН. Имајќи ги предвид тешките меѓународни околности во кои беше Република Македонија во времето на склучување на Привремената спогодба, може да се има извесно разбирање за тоа, но не и целосно и безрезервно прифаќање на своевидната отстапка од наша страна, токму поради фактот што терминот „преговори“ на Грција и послужи како закачка да инсистира на компромисно решавање на разликата за името. у Како дојде до изместување на процесот?
- Тоа се случи во времето на владата на Љубчо Георгиевски. Во февруари 2001 година тогашната влада поведе кампања во македонскиот печат под прашален наслов: „Кој и кога го продаде името на Македонија?“ Тогаш првпат беше сугерирано решение „Република Горна Македонија“. Некој сакаше грчкиот проблем со името на земјава да го користи и на домашен терен, за внатрешни пресметки и обвинувања, за поделби и за ослабување на меѓународната позиција на Македонија. По оставката на амбасадорот Тошевски, разликата за името се претвори во спор, а разговорите за надминување на разликата преминаа во бесмислени преговори и пазарења. Затоа инсистирам да се употребуваат формулациите од резолуциите на ООН, кои беа усвоени при приемот на Република Македонија во светската организација. А во нив исфабрикуваниот проблем со името е квалификуван како разлика, во еднина. Во нив нема спор и воопшто не се имплицира промена на името, ниту водење некакви преговори. Тоа не е случајно. Резолуциите се многу внимателно и исклучително стручно формулирани за да се избегне стапицата дека при приемот на Република Македонија во ООН се прави преседан за поставување дополнителен услов за прием, кој не е во согласност со одредбите на Повелбата на ООН. Преседанот е направен во смисла на наоѓање процедурален излез за прием на земјава во ООН. Ни малку не е случајно што терминот „разлика“ е употребен во еднина бидејќи само Грција ја наметна разликата, додека сите останати земји-членки на ООН немаа (и немаат) проблем со името на нашата земја. у Па, кој ја направи промената?
- Нашиот јужен сосед ја наметна разликата во ООН со лажна аргументација, а во услови кога Република Македонија се бореше за меѓународно признавање и за свое место во меѓународната заедница. Замислете, малата и слаба Република Македонија претставувала закана за Грција и за регионалната безбедност затоа што, наводно, преку името пројавувала територијални претензии кон Грција! у Сепак, во членот 5 од Привремената спогодба од 1995 година се наведува дека двете страни ќе продолжат со преговорите... - Точно е тоа, така стои во членот 5 од Привремената спогодба. Но, треба да се истакне дека во Привремената спогодба нема никакви одредби ниту за форматот, ниту за процедурата и насоките за водење на споменатите преговори, ниту за можниот посакуван или пожелен исход, ниту за роковите. Исто така, во Привремената спогодба е преземена формулацијата од резолуциите на ООН дека се работи за разлика за името, а не за некаков спор. Разликата се третира како билатерален проблем кој треба да се надмине. И во Привремената спогодба нема ниту збор за промена на името на нашата земја, ниту за некакво компромисно решение. у Можно ли е сега лошиот дух на процесот да се врати во шишето?
- Се разбира, можно е. Има една американска поговорка која може да се толкува и како преговарачка аксиома: ништо не е готово/решено, додека не е готово/завршено. Затоа се бесмислени изјавите за тоа дека нашата двојна формула е надмината работа. И Грција инсистира на сопствена двојна формула, која е дијаметрално спротивна од нашата: едно име за внатрешна употреба во Република Македонија и друго име за сеопшта употреба, со географска одредница, во кое би бил содржан зборот Македонија. Тоа била таканаречената црвена линија на Грција. Па, кој разумен човек, дури и да не е политичар, би можел да ја прифати таквата позиција! Има многубројни аргументи кои одат во прилог на ставот дека грчкиот проблем со името на нашата земја е непреговорливо прашање. И токму затоа позициите на двете страни се непомирливи. Секој добар познавач на меѓународното право и на меѓународните односи знае дека името на една земја не може да биде предмет на преговори, дека тоа е идентитетско прашање - суи генерис. у Пишувате дека резолуциите на ООН не бараат промена на името на Република Македонија, туку решавање на разликата за името, а тоа го изведувате од погрешното фокусирање на луѓето што го менаџираат грчкиот проблем со нашето име?
- Јас застапувам став кој се темели на духот и на словото на соодветните резолуции на ООН дека треба да се реши или надмине разликата за името, што е проблем само на Грција, а не да се менува името на нашата земја. Зошто Грција да не ја преименува сопствената провинција? И тоа со име кое самата ќе го одбере и со кое ќе ја надмине разликата што сама ја исфабрикува? Самиот факт што во изминативе 17 години повеќе од 100 земји воспоставија дипломатски односи со Република Македонија, уважувајќи го уставното име на нашата земја, доволно зборува за изместениот фокус во разговорите. у Има ли земјава правни обврски кон земјите со кои воспоставивме дипломатски односи со нашето уставно име?
- Има. Пацта сунт серванда (Договорите треба да се почитуваат/спроведуваат) е еден од основните принципи на меѓународното право и на меѓународните односи, кој правно ја втемелува неопходноста од стриктно и добросовесно почитување и извршување на договорните обврски од договорните страни. Република Македонија во никој случај не смее да си дозволи да не ги почитува и спроведува договорноприфатените меѓународни обврски. у Може ли Македонија да се бори со непринципиелноста и, како што велите, со дволичноста на Унијата во врска со исфабрикуваниот проблем што го наметна Грција?
- Каква било согласност на македонските власти за промена на државното име би била сигнал, па и доказ, дека земјава не само што не е зрела за влез во НАТО и во ЕУ, туку и дека не е способна да опстои како држава. Никој не може да претендира на кумство на земјава, особено не под надворешен притисок и со диктат. Прашањето за името е вредносно, а не прашање на моќ и на сила. Ниту Грција со употреба на сила може да наметне промена на името, ниту тоа го може ЕУ. Тоа е спротивно на европските вредности, а Грција и онака подолго време е црната овца во Унијата. у Како да се врати проблемот на извориштето, а да не останеме вечно во чекалницата?
- Проблемот не треба да се враќа на извориштето бидејќи воопшто не се оддалечил од него. Проблемот е ист како на самиот почеток, само се изменети околностите. Ако се имаат предвид вистинските грчки причини за наметнување на разликата за името - да се спречи создавањето и опстојувањето на Република Македонија - новопоставената црвена линија на Грција за името е само признание дека почетните грчки напори за уништување на македонската држава беа неуспешни. Новата црвена линија и инсистирањето на некаква географска одредница во името се нова етапа и продолжение на истата грчка стратегија за обезличување на државата, на македонските граѓани и на македонскиот народ. Грчкото тврдење за изодениот половина пат до решението е само привид бидејќи намерите остануваат исти. Ќе можат ли да се идентификуваат деловите на македонскиот народ во соседните земји и во дијаспората со македонскиот народ во матичната држава доколку се прифати каква било дополнителна географска одредница во името на земјава? Името не може да биде предмет на пазарења. Потребно е само да продолжат разговорите во смисла на резолуциите на ООН за решавање или за надминување на разликата. Значи, напорите за надминување на разликата треба да се насочат кон тој кај кого се јавува проблемот, а тоа е Грција. Нејзе треба да и се помогне да излезе од живиот песок во кој своевремено самата влезе. Со тоа Република Македонија би се придржувала на обврските од резолуциите на ООН, па и на обврските од Привремената спогодба.


Не се работи за храброст, туку за кривично дело

Македонската влада трпи сериозни притисоци дома и од меѓународните фактори да прифати име спротивно на уставното. Дали навистина тоа е прашање на политичка волја и на храброст на политичарите?
- Давање согласност за промена на името под странски притисок не само што не е прашање на политичка волја и на храброст, туку тоа е прворазредно кривично дело. Кој орган или која личност има надлежност да прифати промена на името под странски притисок и диктат, а за тоа да не одговара и да не сноси последици? Впрочем, сите наши функционери даваат заклетва дека ќе го штитат и спроведуваат Уставот, а тоа не може да не ги обврзува.



ЕУ се справи со Хајдер, може и со Грција

Прашањето за името е главен проблем на патот кон НАТО и ЕУ. Како Македонија да го наметне своето меѓународно право за името кога приемот во алијансата функционира со консензус, а во ЕУ ни ги затвораат портите се додека не се решела разликата за името?
- Пренагласено е ако се каже дека споменатото прашање е главен проблем на патот на интегрирање. Верувам дека сите граѓани на Македонија би биле пресреќни ако ги немаме економските проблеми, постојното ниво корупција, демократскиот дефицит, еколошките проблеми, партизацијата и несолидното функционирање на институциите... Исклучително високиот процент македонски граѓани во прилог на поскоро интегрирање на земјава во НАТО и во ЕУ се должи на свеста или, подобро речено, на нивните сомнежи дека не е можно надминување на тешкотиите со кои се соочува земјава без да влезе во евроатлантските структури и без примена на европските норми и стандарди. Доколку Македонија беше на приближно ниво до Швајцарија или до Норвешка, ниту процентот на приврзаниците за евроинтегрирање ќе беше толку висок, ниту, пак, прашањето за разликата за името ќе се наметнеше како голем проблем. Во Брисел не само што им е познато дека највисок приоритет на Македонија е нејзиното интегрирање во НАТО и ЕУ, туку им е познато и тоа дека земјава реално нема друга алтернатива, како поради внатрешните состојби и односи, така и поради геополитичката констелација во регионот и во Европа. Таквата ситуација се користи за постојан притисок да прифатиме нешто што ниту една друга земја во светот никогаш не би прифатила. Принципот на консензуално одлучување во споменатите организации и гнилата солидарност со Грција, како членка на НАТО и на ЕУ, се дополнителни елементи за вршење притисок. Наводно, таква била реалноста. А, зарем Република Македонија не е реалност! Своевремено, во ЕУ успеаја да се справат со демократски избраниот Хајдер во Австрија поради неговите профашистички и антиимигрантски изјави, но глумат немоќ пред очигледниот и ирационален грчки национализам.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ВО НИЖО ПОЛЕ ПОВТОРНО ПОЧНАА СЛУЖБИТЕ НА „ПОА“
Вранишкоски се врати да богослужи

СПОРЕД СТАЈНБЕРГ
Името до јуни

ЛДП ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК
Нема услови за гласање во дијаспората

„ТЕЛЕГРАФ“ ТВРДИ ДЕКА ИМА ДОГОВОР МЕЃУ ГРУЕВСКИ И БРИТАНСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ
Македонија лобирала за НАТО со хотел

ОПОЗИЦИЈАТА ВИДЕ СКАПА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА ВО „СКОПЈЕ 2014“
Власта си ѕида нов мандат

ОПОЗИЦИСКИОТ ФРОНТ ЌЕ СЕ ОБЕДИНУВА И ВО СОБРАНИЕТО
Црвенковски ги групира пратениците

БЕСПЛАТНО ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ
Топла бања, студена соба

ИНСПЕКЦИИТЕ ПОТВРДИЈА
Пациентите давале изјави кај нотар

ЗДРУЖЕНИЕТО „ДОСТОИНСТВО“ РЕАГИРА
Армијата да не тужи

ПОРАДИ ОБИЛНИТЕ ДОЖД И СНЕГ
Карпи се одронија кај Робевци

  

    


„Заборавени“ пари




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes