nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys cheap air jordan
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1889, 08.02.2010





     

ОПОЗИЦИЈАТА ВИДЕ СКАПА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА ВО „СКОПЈЕ 2014“
Власта си ѕида нов мандат

Валентина Стојанчевска

Со презентацијата на проектот „Скопје 2014“, власта ја почнува најскапата предизборна кампања, која ќе ја платат граѓаните од своите џебови. Тоа вчера на прес-конференција го изјави претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, според кого, со овој проект владејачката ВМРО-ДПМНЕ сака да ги добие предвремените избори, а со реализацијата на објектите во 2014 година, ќе оди на нова изборна победа.
- Одлика на империјализмот, фашизмот и на комунизмот е ваквиот начин на изградба. Прашањето за премиерот Никола Груевски е во која од овие квалификации се препознава - изјави Бошкоски.
Владејачката партија експресно му возврати на Бошкоски порачувајќи да не паничи бидејќи не планираат никакви избори.
- Свесни сме дека овој проект е посложен за разбирање за него бидејќи содржи елементи на кодошење и, исто така, треба да знае дека овој проект го поддржуваат голем дел од граѓаните – се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата вчера ги мобилизираа и своите експерти и невладиниот сектор за да го бранат проектот за кој категорички тврдат дека не е предизборен, туку во функција на разубавување на главниот град.
- Од 1914 година до 2014 има сто години, временски период во кој никој не собрал сила за да направи плоштад. Конечно добивме власт што во голема криза вели дека има пари, а другите досега на направија ништо, туку измислуваа сто изговори за да не изградат плоштад. Сите други држави направија главни градови, а ние не. Ова е поради неспособност и страв што го има само тој што нема љубов кон сопствениот народ и град - истакна архитектот Вангел Божиновски на трибината насловена „Скопје-2014 година“ што ја организира институтот „Павел Шатев“.
Архитектот Божиновски, исто така, кажа и дека во традицијата на македонската архитектура лежи барокот, односно дека македонската архитектура го оформила барокот одговарајќи на тврдењата дека овој стил не е македонска карактеристика.
Со поддршка за проектот се изјасни и експертот Данило Коцевски, кој истакна дека сите планирани објекти за изградба постоеле и во минатото.
- Низ историјата, на потегот на Камениот мост од левата и од десната страна просторот бил полн со објекти. Имало Црковен музеј, во 1873 година имало Скопска митрополија, прв објект граден во барокен стил. Исто така, имаше и зграда на судот, трговска комора и институт, француско и грчко училиште и француска и српска банка. Сите овие објекти имаа елементи на барок, класицизам и на неокласицизам. Ова покажува дека Скопје секогаш било измешано, односно, секогаш постоеле сите стилови. Затоа треба да се знае дека главниот град има една традиција што треба да се почитува - посочи Данило Коцевски.
Зоран Петров, исто така учесник на трибината, истакна дека во овој проект се вклучени околу 2.000 професионалци, па затоа, според него, не е коректно без аргументи да се критикува нивната работа.
Поддршка на проектот „Скопје 2014“ дадоа и неколку здруженија на граѓани и невладини организации од повеќе градови од внатрешноста на Македонија.
- Проектот „Скопје 2014“ е урбанистички издржан и е во согласност со архитектонските барања неопходни за една метропола. Нашата држава заслужува да има достоинствено и угледно градско централно подрачје, место што ќе биде слика на нашите културни и естетски вредности и на нашата историја. Затоа подобро е да се гради нешто, отколку да се нема ништо - истакнаа од невладините организации.
Од невладиниот сектор кажаа и дека на градовите од кои доаѓаат им се потребни вакви проекти и покрај предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие општини.
Завчера, пак, на плоштадот во Скопје невладината организација „Плоштад слобода“, организираше протест од кој порача дека е против замислата на Владата да го прероди центарот во барок.
- Главното прашање на кое никој не сака да одговори е колку ќе не чини проектот, а се споменува само некоја смешна сума од 30 милиони евра, што не е ни приближна до реалната. Исто така, безобразно е власта да ни држи предавања за барок, при 40 процентна невработеност или во време кога половина држава е без фекална канализација – рече Дамјан Здравев од „Плоштад слобода“.
Здравев додаде дека се уште не е договорено кога ќе го организираат следниот протест, но посочи дека ќе продолжат со своите активности и барања да се запре проектот.
Бранко Црвенковски завчера го повика Груевски да распише референдум за новиот изглед на плоштадот бидејќи тоа било прашање на идентитетот. Од неговата партија порачуваат дека ако владејачката партија не распише референдум, тогаш тие ќе ги преземат сите правни и политички механизми и самите ќе иницираат референдум.
- Ако Владата не се повлече и ако Груевски продолжи со својата забеганост и менување на идентитетот на Македонците со кич-проекти и со криминално перење пари, СДСМ ќе ги искористи сите политички и правни механизми и потези за да се обиде да го спречи. Срамно е и лицемерно Груевски четири години да зборува за референдум за името, а да не сака сега да ги праша граѓаните кога лично тој свесно и однатре го менува идентитетот на Македонците и згора на тоа сака да испере и потроши 200 милиони евра народни пари - велат од СДСМ.


Се крева ѕид на поделба


Проектот „Скопје 2014“ за крајна цел има подигнување ѕид на поделба меѓу етничките и верските заедници во Македонија, посочи Арјанид Хоџа, портпаролот на Нова демократија.
- За да го надминете овој проблем, треба како што ќе поставите споменици на македонските херои, истото да го направите и да поставите споменици на албанските херои. Исто како што предвидувате градење на црква на плоштадот, на истиот начин да го предвидите и градењето на Бурмали-џамија токму на истиот плоштад – и порача Хоџа на власта.


Чиј е Александар?


ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ставовите на СДСМ за изградбата на споменици во центарот на Скопје се лицемерни бидејќи тие се нивна идеја уште од 2004 година, кога Советот на Град Скопје, во кој СДСМ имал мнозинство, ја донел програмата за изградба на споменици.
- Во оваа програма, за која гласаше СДСМ, на прво место стои дека треба да се изгради споменик на Александар Македонски, понатаму следуваат и другите споменици, кои сега се содржат во проектот „Скопје 2014“ - рече вчера Сашо Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, пак, истакнаа дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се соочува со јавни осуди и негодување поради своите мегаломански проекти, се обидува перфидно да го пренасочи вниманието место доследно и до крај да ги брани своите неодбранливи и неодговорни потфати.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ВО НИЖО ПОЛЕ ПОВТОРНО ПОЧНАА СЛУЖБИТЕ НА „ПОА“
Вранишкоски се врати да богослужи

СПОРЕД СТАЈНБЕРГ
Името до јуни

ЛДП ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК
Нема услови за гласање во дијаспората

„ТЕЛЕГРАФ“ ТВРДИ ДЕКА ИМА ДОГОВОР МЕЃУ ГРУЕВСКИ И БРИТАНСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ
Македонија лобирала за НАТО со хотел

ОПОЗИЦИСКИОТ ФРОНТ ЌЕ СЕ ОБЕДИНУВА И ВО СОБРАНИЕТО
Црвенковски ги групира пратениците

БЕСПЛАТНО ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ
Топла бања, студена соба

ИНСПЕКЦИИТЕ ПОТВРДИЈА
Пациентите давале изјави кај нотар

ЗДРУЖЕНИЕТО „ДОСТОИНСТВО“ РЕАГИРА
Армијата да не тужи

ПОРАДИ ОБИЛНИТЕ ДОЖД И СНЕГ
Карпи се одронија кај Робевци

ИНТЕРВЈУ: ДУШАН БОЈЧЕВ, ДИПЛОМАТ
Спорот се измести во времето на Георгиевски

  

    


„Заборавени“ пари




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes