|
УАПСЕНА БАНДА КРАДЦИ
Малолетници краделе во Виница и во Делчево
Штипската полиција уапси четиричлена група малолетници, на возраст од 16 и од 17 години, кои организирано краделе во Виница и во Делчево. Според штипската полиција, пред четири дена украле „фиќо“ со кое ја пренесувале украдената стока од повеќето продавници што ги ограбиле. - Извршиле две тешки кражби од продавници од село Калиманци, општина Виница, една тешка кражба во село Лески, при што одзеле поголеми количини алкохолни пијалаци и прехранбени производи - велат од полицијата. Кога биле запрени од полициска патрола, почнале да бегаат. Двајцата малолетници од село Оризари и по еден од виничкото село Лески и од делчевското Јакимово се фатени и приведени во полициската станица во Виница.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|