|
БЛИЗУ ПРИЛЕПСКОТО ДУПЈАЧАНИ
Претепани шумски полицајци
Група жители од прилепското село Дупјачани нападнала патрола на шумската полиција, која биле во редовна обиколка за откривање на нелегално сечење дрвја. Настанот, според прилепската полиција, се случил завчера, во 9.30 часот, кога групата во близина на селото насила го запрела возилото „лада нива“, сопственост на „Македонски шуми“. Откако шумските полицајци излегле од возилото за д в идат што се случува, биле нападнати и здобиле повреди по главата и телото. Насилниците потоа се разбегале, а нападнати побарале помош од полицијата.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|