|
ГРАБНУВАЊЕ ВО КУМАНОВО
Киднапиран за божемен долг
Полицијата од Куманово поднесе кривични пријави за 32-годишниот Д.С. и за 28-годишниот Т.Т., кои ги уапсила под сомниение дека пред неколку дена го грабнале 24-годишниот сограѓанин Б.Т., кој божем им должел пари. Од кумановската полиција велат дека настанот се случил на улица Димитрие Каранфиловски, околу 17 часот, кого го грабнале од дворот на неговата куќа, го внеле во автомобил „ситроен“ и го однеле на улица Октомвриска револуција каде што го малтретирале.
Ј.И.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|