|
ВО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО
Вооружен грабеж во казино
Двајца маскирани разбојници, едниот вооружен со ловџиска пушка, другиот со пиштол, влегле во тетовското казино „Гранд“, го ограбиле и избегале. Грабежот се случил во три часот наутро. Во тоа време во казиното биле двајцата вработени, 22-годишниот М.Ц., неговиот врсник и колега И.Р. и еден гостин, кој играл на апаратите. Разбојниците го впериле оружјето кон нив, им наредиле да легнат на подот, украле 2.800 евра од касата во која бил дневниот промет и избегале во непознат правец.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|